Што правеа градоначалникот Константин Георгиески и Радмила Шекеринска со службените возила во Лескоец, агитираа или цреши собираа?

Охрид

Службеното возило на градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, попладнево беше забележано во селото Лескоец, каде според нашите информации вечерва СДСМ и носителката на листата во петтата изборна единица, Радмила Шекеринска, имаат средба со жителите на селото.

Оттука се поставува прашањето дали Константин Георгиески ги користи ресурсите на општина Охрид за партиски цели.

Поради тоа УМС ВМРО-ДПМНЕ Охрид, упатија прашање до Георгиески.

Градоначалниче, бараме одговор од Вас за денешната прошетка низ Лескоец со службената кола, дали агитиравте или собирате цреши?

Градоначалниче, бараме одговор од Вас за денешната прошетка низ Лескоец со службената кола, дали агитиравте или собирате цреши?Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид !?

Posted by УМС Вмро-Дпмне О.К Охрид on Tuesday, June 30, 2020

На настанот забележано е и возилото од министерството за одбрана со кое претходно денеска Шекеринска беше и во Вевчани.

Инаку законските прописи за избори и спречување корупција и судир на интереси забрануваат користење на државни ресурси за време на кампањата.

Дали обвинителството и Антикорупциска комисија ќе поведат сметка за случајот или ќе затворат очи на ова прекршување на законите, останува да видиме.

Please follow and like us:
Tagged