Донев до Шекеринска: Плажата е дадена под концесија во време на СДС за помалку од 50.000 денари годишно, другар ви Коста лошо ве информирал

Охрид

Радмила, нити нешто знаеш нити нешто конкретно си сработила во твојата очајна политичка кариера. Плажата е дадена под концесија во време на СДС и градоначалникот Ацо Петрески за помалку од 50 илјади денари годишен закуп. Другар ви Коста лошо ве информирал, напиша на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Сашо Донев, како одговор на пишувањата на Радмила Шекеринска дека дивоградбите на охридското крајбрежје се резултат на 11 години злоупотреба и негрижа за Охрид од страна ВМРО-ДПМНЕ.

– Единствено што знаете е да ширите пропаганда, невистини и злоба. Додека вие и вашите полтрончиња метастазиравте во транзицијата, ние младите од Охрид бевме скромни и чесни деца од родители стечајци во фирмите кои криминално ги приватизиравте. Родители кои останаа без работа во време кога требаше да не извадат на прав пат и школуваат. Не знаевме што е годишен одмор на море ама преубав и доволен ни беше нашиот Охрид и воопшто не жалиме. Додека вие ја цицавте државата и граѓаните уште од време на Бранко, ние одевме трнлив, но чесен пат и денес сме тука со чисто лице и без товар. Затоа врати се Скопје и не проповедај на терен кој проплакал од вас. На 15ти јули е правиот момент за конечно да ве пратиме на буништето на историјата каде одамна веќе припаѓате, заедно со сите транзициски политичари и профитери од вашето неславно минато, и порача Донев на Шекеринска.

Радмила, нити нешто знаеш нити нешто конкретно си сработила во твојата очајна политичка кариера. Плажата е дадена под…

Posted by Saso Donev on Wednesday, July 1, 2020
Please follow and like us:
Tagged