И Пецаков и одговори на Шекеринска: Радмила, време е да си ги облечиш патиките, штиклите и назад Скопје, а не приказни за Охрид да кажуваш

Охрид

Радмила, време е да си ги облечиш патиките, штиклите и назад Скопје, а не приказни за Охрид да кажуваш..
Има кој да се занимава со Охрид, а тоа за среќа не си ти!, и порача кандидатот за пратеник од Охрид, Кирил Пецаков, на Шекеринска, која изјави дека дивоградбите на охридското крајбрежје се резултат на 11 години злоупотреба и негрижа за Охрид од страна ВМРО-ДПМНЕ.

– Охрид урбаната деградација и уништување ја започна и кулминираше од 2005-2013(во време кога локалната власт беше предводена од СДСМ), а тоа сите охриѓани го знаат и дополнително за 3-те години локална власт имате преку 300 диворгадби од кој позначајните и атрактивни ги аминувавте со “чајче” во стара турска чаршија, а и упорно не ги спомнувате!
На сите проблеми поврзани со пандемијата донесовте одлука за рушење во Јуни, која што уредба и не сум баш толку убеден дека имаше итност и вонредност поврзана со вирусот, а и селективноста некако се насетува, дополнително што Охрид има и репрезентативни примероци на дивоградби, распродтранети по крајбрежјето, а се актуелни и познати,за кои ви е очигледно забрането да зборувате…
Да, статусот за УНЕСКО е нешто за кое се бориме заедно и како власт и како опозиција во изминатиот период, но ќе продолжиме и понатаму со искрени чесни намери се надевам!
А вие, како транзиционен политичар и присутна на политичката сцена од 1996 г, време е да ги закачите копачките на ѕид!
Иако досега не сте ја разбрале пораката од народот на 15 јули ќе ја сфатите конечно!

Ps. Радмила, Името на мојата партија е ВМРО ДПМНЕ и истата таа ќе ја предводи идната влада!
Pss. Езерска мафија 🤦‍♀️🤦‍♀️🤦‍♀️🤦‍♀️🤦‍♀️🤦‍♀️🤦‍♀️🤦‍♀️, напиша Пецаков.

Радмила, време е да си ги облечиш патиките, штиклите и назад Скопје, а не приказни за Охрид да кажуваш.. Има кој да се…

Posted by Pecakov Kiril on Wednesday, July 1, 2020
Please follow and like us:
Tagged