Словенија го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Македонија

Државниот Збор на Република Словенија денеска на вонредна седница го ратификуваше Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Со тоа, Словенија стана втората земја-членка на Алијансата, која по Грција, го ратификува Пристапниот протокол во НАТО.

Според најавите од Албанија, в четврток пристапниот Протокол треба да биде ратификуван и од албанскиот Парламент. Албанските медиуми јавија дека Протоколот за членство на Македонија во НАТО веќе добил зелено светло од законодавно-правната комисија и оти во четврток е закажана седница на Парламентот.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged