Ало држава, инспекции и градоначалник на Охрид, до кога ќе не лажите!

Охрид

Во автокампот „Градиште“ повторно се случуваат нелегални активности, алармираат сопствениците на имоти во кампот.

Според Томислав Бакулески, еден од легалните сопственици на имот во Градиште, таму се поставуваат монтажни куќарки од страна на закупците, иако за тоа како што вели Бакулески, постои судска забрана.

– Имаат судска забрана за поставување такви објекти, имаат забрана за работа на кампот, значи моментално работат на диво. Веќе сме во фаза на денационализација, а таму се поставуваат монтажни куќарки и ни се закануваат на сопствениците дека ќе нема пристап никој од Пештани, за што имале поддршка од некој од власта, вели Бакулески и додава дека ги информирале и полицијата и инспекциските служби, за настанот.

Инаку пред еден месец во автокампот „Градиште“ се изгради и потпорен ѕид, кој по притисокот на сопствениците на имоти во кампот и целокупната јавност веднаш беше урнат.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged