За една седмица 54 новодијагностицирани пациенти од ковид-19 во Охрид

Охрид

Бројот на новодијагностицирани со коронавирус во Охрид за една недела се зголеми за уште 54 лица. Од почетокот на пандемијата до денес во Охрид вкупно се дијагностицирани 184 случаи на коронавирус, а заклучно со денес, во градот има 156 активен случај.

И натаму водечки град по бројот на новозаразени е Скопје.

Вчера во Македонија беа регистрирани 15 починати лица на кои им бил дијагностициран Ковид 19, најмногу од почетокот на пандемијата. Од нив еден еден случај во Охрид и двајца од Струга, осум од Скопје, двајца пациенти од Тетово и двајца од Гостивар.

Вчера Институтот за јавно здравје регистрираше 150 оздравени пациенти, четворица од Охрид, 10 од Струга.

Досега во земјата се направени вкупно 63.383 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6625, бројката на оздравени пациенти е 2748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3556.

извор: Курир

Please follow and like us:
Tagged