(галерија) Касарната се претвора во депонија, Комуналец спие

Охрид

Охридската касарна претворена во вистинска депонија. Целиот простор е обраснат со трње и коров, со паднати и искршени стебла и гранки. Освен тоа на секој чекор има најразличен вид на отпад: градежен шут, кабаст и зелен отпад, пластика, најлонски кеси.

Оваа депонија во последните две години добива алармантни размери и претставува голем проблем за жителите кои живеат во овој дел на градот. Тие се револтирани од односот на надлежните, велат иако се имаме обратено многу пати до ЈП „Охридски комуналец“ нашите барања се игнорираат. Го повикуваат директорот на претпријатието Љупчо Грданоски, наместо да троши пари за нов службен автомобил, да набави контејнери кои ќе бидат поставени на овој дел.

СДСМ во предизборниот период и претходниве две години безброј пати го споменуваше овој објект и најавуваше дека тука ќе направи вистински образовен комплекс. Денес ситуацијата е сосема поразлична, а за тоа како изгледа касарната проценете сами од галеријата во продолжение:

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged