Лазе Таневски сменет од шеф на изборниот штаб на СДСМ?

Охрид

Лазе Таневски, актуелниот претседател на ОО СДСМ Охрид и кандидат за пратеник од Охрид, е сменет од позицијата шеф на изборниот штаб, дознава ОХРИД 24 од внатрепартиски извори.

Неколку пати го исконтактиравме Таневски за лично да ни ја потврди или демантира информацијата, но не добивме одговор. Првиот пат кога го добивме на телефон ни рече дека е на состанок и да го бараме подоцна, но потоа не се јавуваше на телефонските повици.

Покрај тоа дали е сменет од позицијата, сакавме да го прашаме која е причината за смената и кој го наследи на местото шеф на изборниот штаб.

Според истиот извор од општинската организација, на местото од Таневски е поставен градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, а причина за смената на неколку дена пред гласањето на предвремените парламентарни избори, е лошата поставеност во општинската организација и недоволната активност на терен што ескалирало со посетата на Охрид на носителката на листата во 5-тата изборна единица, Радмила Шекеринска.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged