Доктори од охридската болница, во име на директорот, се повикуваат на средба со Филипче

Охрид

До редакцијата на ОХРИД 24 пристигна порака во која главна сестра од едно од одделенијата во охридската општа болница, во име на директорот, Горан Балевски, ги повикува докторите, специјализантите, на средба со министерот за здравство Венко Филипче, која ќе се одржи утре кај Амфитеатарот или попрецизно, како што стои во пораката која се испраќа до вработените, кај Света Софија, кај што била куќата на Филипче.

Исто така во пораката на докторите им се наведува дека потребно е нивно присуство кое треба да и се потврди на главната сестра.

Го исконтактиравме директорот на болницата, но тој не беше запознаен дека во негово име се испраќа таква порака.

Ја побаравме и главната сестра која ја испраќа поканата, но таа не одговори на нашите повици. И испративме порака во која прашавме дали настанот на кој се повикуваат докторите е од здравствен карактер или пак политички, но до пишувањето на текстот одговор не добивме.

Останува нејасно дали преку ова се врши притисок врз докторите од ЈЗУ Општа болница Охрид имајќи во предвид дека е изборна кампања.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged