Водечка агенција од САД прогнозира убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите

Македонија

Анкета спроведена од елитната американска агенција Меклафлин покажува дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе постигне убедлива победа на претстојните избори.

Според резултатот од анкетите што денес ги претстави Џон Меклафлин од агенцијата, ВМРО ќе ја победи СДСМ во пет од шесте изборни единици каде има мнозинско македонско население.

Особено убедлива е разликата во 3 и 4 изборна единица, каде СДСМ не може да смета на поддршка од албанските гласачи. Таму ВМРО води со 39 наспроти 32 проценти (третата изборна единица) и 38 наспроти 33 проценти (четвртата изборна единица).

Во единицата, ВМРО води пред СДСМ со 28 наспроти 25 проценти, додека ДУИ и Алијансата на Албанците можат да очекуваат по 6 и 4 проценти од гласачите.

Во втората изборна единица состојбата е слична, ВМРО води пред СДСМ со 26 наспроти 24 проценти, додека ДУИ води пред Алијансата со 6 наспроти 4 проценти од гласовите.

Во петтата изборна единица, листата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Игор Дурловски е три проценти пред СДСМ и Радмила Шекеринска (31 наспроти 28 проценти), додека ДУИ е скоро изедначен со Алијансата (5 наспроти 4 проценти).

Во шестата изборна единица, СДСМ е далеку од нивната цел да ја победат ДУИ, па дури и Алијансата, и да се прогласат за победник во албанскиот блок. ДУИ има поддршка од 26 проценти од гласачите, Алијансата има 20 проценти, СДСМ е трета со 17 проценти, а ВМРО-ДПМНЕ може да очекува 12 проценти од гласовите.

Со седиште во Вашинтгон, агенцијата Меклафлин работела на поголем број успешни кампањи на републикански кандидати, вклучително и претседателот Доналд Трамп, покажувајќи како може успешно да се справи со лажни анкети изработени со цел да се изврши политичка манипулација од страна на неговите противници.

Трамп неодамна соопшти дека ја ангажирал агенцијата да ги испита лажните и политички манипулативните анкети кои се објавуваат во пресрет на изборите во ноември.

Агенцијата работела и со политичари како Стив Форбс, Џеб Буш, Арнолд Шварценегер, Бенџамин Нетанјаху, Виктор Орбан и други.

извор: Република

Please follow and like us:
Tagged