(ФОТО) Докторите и специјализантите од охридските здравствени установи изманипулирани и искористени за пиар на Венко Филипче и власта на СДСМ?

Охрид

Денешниот настан кој се одржа на летната сцена Долни Сарај во Охрид, а на кој присуствуваше министерот за здравство Венко Филипче ги потврди сомнежите на докторите и специјализантите од охридската општа болница, кои како што објавивме вчера преку порака во група на Вибер беа повикувани да присуствуваат на средбата, дека станува збор за настан од партиски карактер.

Причини за ваквата констатација има многу, но она што е најмногу очигледно е присуството на средбата на директорот на новото јавно претпријатие „Колекторски систем“, Владимир Алексијоски, кој е заменик претседател на изборниот штаб на СДСМ за петтата изборна единица и кој нема никаква допирна точка со здравството.

Инаку ова е пораката која вчера во група на Вибер им беше праќана на докторите и специјализантите за денешниот настан, а во која немаше никаква информација дали настанот ќе има здравствен или партиски карактер.

Се поставува прашањето дали докторите и специјализантите од охридските здравствени установи биле изманипулирани и искористени за партиски цели и пиар на Венко Филипче и власта на СДСМ?

Please follow and like us:
Tagged