СДСМ целосно заборавија на ветените проекти за Охрид

Охрид

Охрид е најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер за чии развој СДСМ ветуваа големи мерки и проекти.

Како најголема туристичка атракција во Македонија, СДСМ ветуваа голем број на проекти за зголемување на атрактивноста на Охрид за домашните и странските посетители, како и поддршка за охридските туристички работници и угостители. Како дел од проектите кои беа оваа област, можеме да ги наведеме проектите за изградба на нов Кеј во Охрид, изградба на велосипедска патека Охрид – Св. Стефан, реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“, изградба и осовременување на спортските содржини со што би се обезбедиле услови за тренинг и подготовки на врвни спортисти и спортски екипи во зимски и летни услови, развој на здравствен, спортски и конгресен туризам… и многу други проекти. За жал, изминативе неколку години сведоци сме дека СДСМ немаат реализирано нешто од ветеното.

СДСМ ветуваа и големи мерки и проекти од областа на комуналната инфраструктура, коишто секако не ги реализираа. Тука како најважни можеме да ги издвоиме нереализираните ветувања за реконструкција на целата делница Охрид – Битола, изградбата на нови катни гаражи, изградба на обиколницата Мауцхер – Косел, изградба на велосипедски патеки, изградба на пречистителна станица и фекална канализација во село Трпејца, подобрување на водоснабдувањето во Охрид, решавање на проблемите со кучињата скитници, реконструкција на поголем број на основни и средни училишта, асфалтирање на улица „Прва Македонска Бригада“…

Како „бисери“ на СДСМ од минатите избори секако се и ветувањата за гасификација на Охрид, ветувањата за изградба на спортски објекти и сали, изградбата на Конгресен центар, отворање на Откупен центар за земјоделски производи, изградба на нов Дом за стари лица, изградба на нов Здравствен дом во рамките на Охридската болница, изградба на фабрика за отпад во Охрид, изградба на младински културен центар и канцеларија за млади и Совет за млади…

Како по обичај, СДСМ ветија многу, а не реализираа ништо од ветеното.

На 15 јули Обновата Доаѓа и доаѓа крајот на најнеуспешната влада во историјата на Македонија, се вели во објавата на Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ ЦЕЛОСНО ЗАБОРАВИЈА НА ВЕТЕНИТЕ ПРОЕКТИ ЗА ОХРИД Охрид е најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија,…

Posted by Комисии на ВМРО-ДПМНЕ on Tuesday, July 7, 2020
Please follow and like us:
Tagged