Во две одделни сообраќајки на патот Охрид-Кичево, повредени двајца охриѓани и еден скопјанец

Охрид

На 08.07.2020 во 01.15 часот, на магистралниот  пат Охрид-Кичево, кај селото Требеништа, случена е сообраќајна незгода во која товарно моторно возило „Рено Мастер“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од Х.З.(33) од Охрид, излетало надвор од коловозот.

– Во незгодата со тешки  телесни повреди се здобил возачот по што, бил пренесен во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од СВР Охрид, информира портпаролот Стефан Димоски.

Ден претходно, на 07.07.2020 во 08.25 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај селото Подмоље, случена е сообраќајна незгода во која, патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.Р.(29) од Охрид излетало надвор од коловозот.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.Л.(22) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот. Двајцата биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. На местото на настанот, увид изврши увидна екипа од СВР Охрид, вели Димоски.

Please follow and like us:
Tagged