Модерни патишта за побрз проток на патници и стоки е приоритет на ВМРО ДПМНЕ

Македонија

Главен приоритет на новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде инвестирање во изградба и обнова на патната инфраструктура. Во нашата програма Обнова за Македонија ветуваме дека ќе бидат изградени многу нови патни правци во сите региони од земјата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Приоритет ќе биде завршување со изградба на автопатот Кичево – Охрид, кој го почна претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, а актуелната власт на СДСМ за цел мандат не успеа да го доврши. Ветуваме завршување со изградба на првиот дел од 2км и допроектирање и изградба на преостанатиот дел од 11 км од автопатот Скопје-Блаце. Завршување со изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп. Проширување на патот од Тетово до Гостивар со што би добиле современ автопат. Завршување со изградба на експресен пат Штип-Кочани. Довршување со изградба на експресен пат Штип-Радовиш. Изградба на автопат Прилеп-Битола и експресен пат до граничен премин Меџитлија. Изградба на експресен пат од Ранковце до Крива Паланка. Завршување со изработката на проектна документација за автопат Гостивар – Кичево и разгледување на можностите за финансирање на неговата изградба. Завршување со изработката на проектна документација за автопат Требеништа-Струга и разгледување на можностите за финансирање на неговата изградба. Изработка на проектна документација за изградба на автопат од Катланово до Велес и разгледување на можностите за финансирање на неговата изградба. Изработка на нова проектна документација, а потоа и разгледување на можностите за финансирање на изградба на експресен пат од Струмица до Смоквица. Реконструкција на експресен пат од Струмица до граница со Бугарија, велат од партијата.

Please follow and like us:
Tagged