Охриѓанец иако имал решение за изолација, излегол од својот дом и натепал помлад сограѓанец

Охрид

На 08.07.2020 година околу 11.30 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од 33-годишен охриѓанец врз 23-годишен охриѓанец.

– Напаѓачот, иако имал решение од Државниот здравствен инспекторат за одредена мерка „изолација“, го напуштил својот дом и управувал патнички автомобил по булеварот „Туристичка“ со кој му го блокирал патот на сега нападнатиот, физички го нападнал и му упатил сериозни закани по неговиот живот, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Please follow and like us:
Tagged