Во автомобил управуван од 20-годишна охриѓанка, пронајдена марихуана

Охрид

На 09.07.2020 година во 01,15 часот, при преглед извршен врз 20-годишна охриѓанка и врз возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, што таа го управувала, била пронајдена марихуана и пластична дробилка со остатоци од марихуана.

– Полициски службеници ги пронашле предметите откако на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид, запреле патнички автомобил што таа го управувала по што е приведена во полициска станица. Против неа, ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Please follow and like us:
Tagged