(ФОТО) Розевиот свет на Константин Георгиески

Охрид

Градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, вчера се пофали дека завршило асфалтирањето на 4 улици во село Косел. И доколку народот гледаше со розевите очила на Георгиески ќе ја видеше оваа слика.

Но, очигледно не живеат сите во розевиот свет на Георгиески, па тие ја гледаат вистинската слика која изгледа вака:

Значи од пат кој според жителите на Косел е во должина од 100 метри, Константин Георгиески асфалтирал само 40 метри и се фали пред охридската јавност со тоа.

Коселчани на шега велат дека пола од асфалтот бил за Вицето.

Според зборовите на Георгиески овие активности биле дел од годишнaта програма за комунален развој, сообраќај и улици на Општина Охрид. Но, ние би го запрашале дали овие активности се дел од неговите ноќни партиски сеанси каде тој оди по домовите на граѓаните и агитира за власта, а притоа за глас повеќе им ветува дека ќе им се асфалтираат или поплочат со бехатон дури и нивните приватни дворови.

Редакцијата на ОХРИД 24 располага и со други информации за вакви активности и истите ќе бидат објавувани деновиве, се со цел јавноста да биде запознаена со расипничкото работење на локалната власт на СДСМ, предводена од Георгиески.

Please follow and like us:
Tagged