Билтен СВР Охрид: Сообраќајка на улица „Абас Емин“, тепачка во кампот „Градиште“

Охрид

На 11.07.2020 во 19 часот, полициски службеник од СВР Охрид, додека извршувал работни задачи на улицата „Абас Емин“, забележал дека се случила сообраќајна незгода помеѓу патничкото возило „Пежо“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(39) од Охрид и патничко возило „Ландровер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.С.(56) од Скопје, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

– Притоа, С.Ј., кој бил под дејство на алкохол, упатил навреди кон Х.С..по што, бил предупреден од полицискиот службеник. С.Ј. почнал агресивно да се однесува и кон полицискиот службеник, а потоа и физички го нападнал. Полицискиот службеник успеал да го оттурне напаѓачот од себе, по што С.Ј. паднал на коловозот и се здобил со повреда. Се работи на расчистување на случајот, вели Димоски.

Истиот ден, додава Димоски, во 21.15 часот било пријавено дека во Охрид, во авто-камп „Градиште“, по претходна расправија, нарушен е јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу С.М.(51) и И.М.(45), двајцата од Битола.

– Изготвени  се записници за констатиран прекршок согласно со одредбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, посочи портпаролот на СВР Охрид.

Please follow and like us:
Tagged