(ФОТО) Со народни пари Константин Георгиески поплочува приватни дворови на активисти на СДСМ

Охрид

Со пари на граѓаните на Охрид, градоначалникот Константин Георгиески, со бехатон поплочува приватен двор на активистка на СДСМ, воедно и координаторка на избирачко место чиј идентитет е познат на редакцијата на ОХРИД 24.

За ова потврди и самиот градоначалник во еден од неделните извештаи за извршените работи на јавните претпријатија.

Според информацијата која ни ја доставија жители од оваа улица не станува збор за никаков крак од улица “Петрино”, туку за приватен двор не подолг од 70 метри кој го користат три куќи, при што едната имала влез од другата улица “6-та Бригада” и воедно имала поставено ограда, значи не може да се нарече крак и дека е од општо владение. Исто така, продолжува изворот, треба да се напомене дека дворот претходно бил асфалтиран.

– Асфалтот беше откорнат и беа ставени бехатон плочки, и тоа не по целата должина. Едната куќа која користи влез од страната на улицата “6-та Бригада” од претходно дворот го имаше поплочено, па сега бехатон плочки беа ставени само на останатиот дел пред другите две куќи, вели нашиот извор кој сакаше да остане анонимен.

И додека Георгиески на некои активисти од СДСМ им ги поплочува приватните дворови со бехатон плочки, има граѓани кои и во 21 век газат кал и голтаат прашина.

Таков е случајот со улицата “Момчило Јорданоски” кај охридската општа болница.

Please follow and like us:
Tagged