ВМРО-ДПМНЕ: Бројот на заразени ќе достигне 10.000, а на Зоран Заев поважно му е да развозува мотоцикли

Македонија

Бројот на заразени граѓани од Ковид-19 ќе достигне 10.000, а на Зоран Заев поважно му е да развозува мотоцикли. Неговата партија е кластерот која го причини новиот бран што трае од крајот на мај. Пандемијата само што беше стивната, а Зоран Заев и неговата партија преку систематскиот поткуп на терен во полициски час забрзано ја ширеше заразата. Македонија е рекордер во регионот и црна точка во Европа, соопштуваат од ВМРО ДПМНЕ.

„Со СДСМ на власт ситуацијата би станувала уште полоша. Тие не се справија со првиот бран и им се случи втор бран во сред лето. Евентуален трет бран со СДСМ на власт би имал катастрофални последици за животот и здравјето на граѓаните, но и за економијата. СДСМ не носеше стручни политики, туку политичко профитерски. Граѓаните и стопанството половина година страдаат заради СДСМ, тоа не смее да продолжи“, велат од партијата.

Please follow and like us:
Tagged