Во синоќешната тепачка на улица „7 ноември“ во Охрид, тешко повредено едно лице

Охрид

На 25.07,2020 година околу 22.30 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со вербална расправија која прераснала во физичка пресметка помеѓу З.В.(55) и А.Н.(28) во која подоцна се вклучиле и Љ.Н.(54) и Д.В.(48), сите од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

– Притоа, со тешки телесни повреди се здобил З.В.  кој е задржан на лекување во Општата болница во Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна Димоски.

Please follow and like us:
Tagged