Сообраќајна незгода кај село Косел, повредени две лица

Охрид

На 25.07 2020 година во 16 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен кај селото Косел, случена е сообраќајна незгода во која учествувале патнички автомобил „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(84) од истото село и комби бус „Мерцедес“, кој вршел јавен превоз на патници, со охридски регистарски ознаки, управуван од К.В.(38) од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

– По незгодата, со возило на Итната медицинска помош до болницата „Св.Еразмо“, пренесени се возачот на првото возило и Л.А.(59), сопатник во второто возило. По укажаната лекарска помош, двајцата се пуштени на домашно лекување, истакна Димоски.

Please follow and like us:
Tagged