Улицата „Железничка“ црна точка во сообраќајот: Утрово нова незгода

Охрид

Утрово на раскрсницата помеѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“ се случи нова сообраќајна незгода во која според нашите извори учествувале три возила. Според првичните информации во незгодата нема повредени и причинета е материјална штета.

Она што загрижува и што треба да се напомене е тоа дека оваа делнница станува црна точка во сообраќајот. Во последните две – три години на оваа сообраќајница случени се повеќе сообраќајни незгоди од кои некои со фатални последици.

Причини за тоа има повеќе, како што се брзото возење од некои од учесниците во сообраќајот, непрегледноста на улицата, немањето семафори, како и изведувањето на градежни активности за изградба на кружен тек кои траат подолг период.

На овој проблем во континуитет укажуваат жителите од овој дел, кој апелираат до надлежните за решавање на истиот.

И пак собраќајка Ем патов ископан го оставија (едно кружно 1 година се правит) уште овие со карпузиве фалеа од двете…

Posted by zeleznicka ohrid on Thursday, July 30, 2020

Се поставува и прашањето уште колку сообраќајки и жртви треба да паднат на „Железничка“, за некој од одделението за сообраќај и улици, Сектор за комунални дејности, сообраќај и улици, да понесе одговорност поради тоа што оваа улица подолг период стои раскопана, а работите за изградба на кружен тек, се одолговлекуваат.

Колку за потсетување со ова одделение во општина Охрид, раководи на јавноста познатиот Зоран Шикалоски кој на оваа функција се врати по враќањето на власт на СДСМ, каде исто така раководеше во периодот пред 2013 година.

фото: ФБ Железничка Охрид

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged