Полицијата во Охрид со полни раце работа: Момче и девојка физички нападнати, малолетници фатени со марихуана

Охрид

На 01.08.2020 година во 05 часот, во СВР Охрид, Д.Р.(19) од Скопје, пријави дека на кеј „Македонија“ во Охрид, бил физички нападнат од  засега непознато лице, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

– Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачот по што ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна Димоски.

Истиот ден, додава Димоски, во 00.15 часот, во СВР Охрид, Л.К.(21), пријави дека, пред угостителски објект кај населбата „Коњско“ била физички нападната од Д.Т.(31), двајцата од Скопје. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ден претходно полицијата во два наврати заплени марихуана.

На 31.07.2020  во 23.30 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, поради тоа што кај нив била пронајдена марихуана, лишени од слобода се  две 16 годишни лица од Прилеп. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.07.2020 во 14.15 часот, полициски службеници на паркинг простор во близина на плажа во Охрид ги привеле А.Х.(19) и М.Т.(21), двајцата од Скопје затоа што кај нив е пронајдена марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Please follow and like us:
Tagged