Полицијата со детали за сообраќајката кај Лагадин: Тешко повредено едно лице

Охрид

На 01.08.2020 околу 19,55 часот на регионален пат во населба Лагадин, Охрид, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл сопственост на МВР, управуван од полициски службеник и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(30) од Маврово, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

– Во незгодата полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, истакна Димоски.

Please follow and like us:
Tagged