Не престанува девијантното однесување на туристите во Охрид: Крвава тепачка на „Сараиште“, нападнат сопственик на сместувачки објект, пронајдена марихуана во „Градиште“

Охрид

На 02.08.2020 година во 00,30 часот, на плажата „Сараиште“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад и употребен стаклен предмет, извршен од Л.Ч.(23) врз Љ.Д.(24) и Д.Ј.(24), сите од Скопје, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

– Нападнатите со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница во Охрид а напаѓачот е приведен. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна Димоски, кој информира и за два други настани случени во градот.

На 01.08.2020 година во 06.30 часот, во приватен сместувачки објект лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.А.(22) од Скопје врз сопственикот на објектот А.З.63) од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.08.2020 година во 23,50 часот во полициска станица Охрид приведени се Б.Т.(21) од Кичево и Д.С.(23) од кичевското село Вранештица. При извршена контрола, во нивното патничко моторно возило паркирано кај авто кампот „Градиште“ во Охрид, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Please follow and like us:
Tagged