Уште едно немирно деноноќие во Охрид: Пожар во апартман, истепан охриѓанец на бензинска, сообраќајна незгода

Охрид

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира за неколку настани кои се случиле изминатото деноноќие на територијата на Охрид.

На 02.08.2020 година околу 23.30 часот, во апартман лоциран на улицата „Богомилска“ во Охрид, случен е пожар кој, со интервенција на Територијалната против пожарна единица набрзо е локализиран и целосно изгаснат. При увид, извршен во присуство на вешто лице, констатирано е дека пожарот е предизвикан од оставена вклучена електрична пегла.  

На 02.08.2020 година во 02,40, А.М.(19) од Охрид, во полициската станица пријави дека  на бензиска пумпа лоцирана на улицата „15 корпус“ во Охрид бил физички нападнат од Н.Д.(32) од Охрид. Против напаѓачот, СВР Охрид ќе  поднесе соодветна пријава.

На 02.08.2020 година во полициската канцеларија Пештани, И.С. (58) од охридското село Трпејца, пријави дека, извршувајќи работни задачи во авто кампот „Љубаништа“, бил нападнат од куче скитник. Притоа, се здобил со повреди на десната натколеница и бил префрлен во Општата болница во Охрид.

На 02.08.2020 година околу 15 часот, на улицата „Ванчо Николески“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода во која, засега непознато возило, удрило во паркиран автомобил „Рено“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.П. (19) од Скопје. По ударот, возачот го напуштил местото каде ја предизвикал сообраќајната незгода.Се преземаат мерки за негово пронаоѓање, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Please follow and like us:
Tagged