Тешко повредено едно лице во вчерашната сообраќајка на патот Охрид-Кичево

Охрид

На 04.08.2020 година во 13.10 часот, на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај с.Сливово, Општина Дебрца, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел“, со кичевски регистарски ознаки, управуван од С.Р.(50) од кичевското село Црвевци и товарно возило „ман“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.К.(53) од велешкото село Бузалково, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

– Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкиот автомобил, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што бил префрлен за укажување на лекарска помош, истакна Димоски и додаде дека увид на местото на незгодата извршил Јавен обвинител и полициски екипи.

Please follow and like us:
Tagged