(ФОТО) Денеска две нови сообраќајни незгоди на патот Охрид-Кичево, повредени се пет лица

Охрид

Попладнево во две одделни сообраќајни незгоди на автопатот во изградба Охрид-Кичево, повредени се пет лица.

Едната сообраќајна незгода се случила кај Мауцкер, при што се превртел камион на една од фирмите кои работат на изградбата на автопатот. Во незгодата со полесни повреди се здобил возачот на камионот.

Другата сообраќајна незгода се случила пред селото Издеглавје, општина Дебрца. Во неа се судриле два автомобила, а дознаваме дека се повредени четири лица, кои се пренесени во болниците во Охрид.

Според очевидци на настанот во незгодата интервенирала и противпожарната единица од Охрид, која помагала во вадењето на повредените од автомобилите.

11:45 примена дојава за тешка сообраќајна незгода на патниот правец Охрид – Кичево пред с.Издеглавје.

Posted by ТППЕ Охрид – Пожарна on Wednesday, August 5, 2020

На местото на настанот увид вршат полициски екипи, а сообраќајот се одвива отежнато.

Инаку во рок од 24 часа на оваа патна делница се случија три сообраќајни незгоди, што уште еднаш ја потврдува констатацијата дека автопатот во изградба претставува црна точка во сообраќајот.

Фото: Фејсбук ТППЕ Охрид – Пожарна

Please follow and like us:
Tagged