Денеска се навршуваат 19 години од загинувањето на 10-те армиски резервисти кај Карпалак

Македонија

На денешен ден (08.08.2001) во 9:30 часот, на автопатот Скопје – Тетово армискиот конвој влезе во заседа кај месноста Карпалак, при што беа убиени и масакрирани 10 прилепски резервисти.

Загинаа:

Нане Наумоски († 48) ─ од Прилеп
Сашо Китаноски († 39) ─ од Прилеп
Бранко Секулоски († 42) ─ од Прилеп
Горан Миноски († 29) ─ од Прилеп
Марко Деспотоски († 27) ─ од прилепско Новоселани
Ердован Шабаноски (20) ─ од Прилеп
Љубе Грујоски († 31) ─ од прилепско Пашино Рувци
Дарко Велјаноски († 27) ─ од прилепско Ропотово
Веби Рушитоски (26) ─ од Прилеп
Пеце Секулоски († 29) ─ од прилепско Бело Поле

Македонија и Бранителите ќе ве паметат и споменуваат како храбри синови на оваа напатена Македонија. Нека вашата храброст одекне во срцата на идните поколенија.

ВЕЧНА ВИ СЛАВА ЈУНАЦИ!

Please follow and like us:
Tagged