Нова трагедија го потресе Охрид вечерва: Пешак загина во сообраќајка на улица „Ристо Чадо“

Охрид

Нова трагедија го потресе Охрид вечерва.

Пред нешто повеќе од два часа, на улицата „Ристо Чадо“ се случила сообраќајна незгода во која, неофицијално малолетник со мотор удрил во повозрасна жена која подлегнала на повредите и починала.

Полицијата врши увид на лице место по што треба да бидат познати причините како дошло до несреќата.

Во рок од два дена, ова е втора сообраќајна незгода во Охрид, во која има жртва. Исто така и вчера се случила незгода во која бил удрен пешак, кој имал тешки повреди.

Please follow and like us:
Tagged