68-годишна охриѓанка е жртвата во сообраќајката на „Ристо Чадо“

Охрид

На 17.08.2020 во 20.00 часот било пријавено дека во Охрид на улицата „Ристо Чадо“ мопед „Лонгија“, со охридски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Охрид, удрил во пешакот Б.Ѓ.(68) од Охрид, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

– Таа била пренесена во Општата болница Охрид, каде им подлегнала на повредите. Возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, истакна Димоски.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

Please follow and like us:
Tagged