Во две одделни акции, охридската полиција заплени марихуана

Охрид

На 18.08.2020 година во 02.45 часот  на улицата „Абас Емин“ во Охрид, при преглед во патничко возило „Цитроен Берлинго“, сопственост на 48-годишен охриѓанец, полициски службеници пронајдоа и одзедоа три кеси со марихуана, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

– Дополнително, во близина на неговиот дом на истата улица, пронајдени се шише со течност и марихуана. Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна Димоски и додаде дека ден претходно, на 17.08.2020 година, во 17.20 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, при преглед на патничко возило „Ренџ Ровер“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 22-годишен скопјанец, полициски службеници пронајдоа и одзедоа кеса со марихуана.

– Возачот и сопатникот 19-годишен охриѓанец се приведени во СВР Охрид и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид.

Please follow and like us:
Tagged