Во време на корона-криза и превработена општина, Константин Георгиески дополнително вработува партиски војници

Охрид

Општина Охрид важи за една од институциите каде има голема превработеност, но тоа не го спречува градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески да ги вдоми во општината, јавните претпријатиа и училиштата, партиските војници на неговата матична партија СДСМ.

Според годишниот план за вработување за 2021 година, кој денеска го изгласаа советниците од владеачкото мнозинство, во општинската администрација треба да се вработат дополнителни 27 лица.

Координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Коњаноска, запраша како една општина со толкав број на вработени не може од веќе постоечкиот кадар да пополни место на архивар, телефонист, вработен за упатување на граѓани и странки, изготвување административно-техничка документација, мониторинг за информирање на јавноста, па и раководители.

– Навистина сметам дека во услови кога очекуваме дека ќе имаме економска криза, која што ќе подразбира меѓу останатото и намален прилив на средства во општинската каса, да се предвидат едни вакви вработувања, на вакви позиции, навистина на никој начин не може да биде објаснето. Јавна тајна е дека имаме преполни канцеларии, навистина има доволно кадар и сите овие позиции доколку би биле неопходни, извршители можеше да бидат регрутирани од веќе вработените, посочи Коњаноска и додаде дека овој годишен план не е план кој што ветува консолидација на општината и не е во насока на најавите дека ќе има намалување на јавната администрација од 20 проценти.

Освен во општината планирани се 31 вработување во ЈП „Охридски комуналец“, во другите јавни претпријатиа и во училиштата.

Please follow and like us:
Tagged