Заев ќе ја прекрсти партијата на Бранко во СДС или Социјалдемократски сојуз на Северна Македонија

Македонија

Премиерот Зоран Заев вчера пред почетокот на состанокот на извршниот одбор на СДСМ, истакна дека ќе биде искористено да се разговара и за промена на името на партијата, со новото име.

„Ќе го искористиме овој Конгрес да дебатираме и за името на партијата. Има добри предлози како на пример да биде само Социјалдемократски сојуз или Социјалдемократски сојуз на Северна Македонија“, истакна Заев.

СДСМ е основана во 1991 година во Скопје како наследник на партијата СКМ, а за нејзин прв претседател бил избран Бранко Црвенковски. Заев реши да го промени името на партијата на Црвенковски.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged