(ФОТО+ВИДЕО) Протест на ВМРО-ДПМНЕ, народот се крена на нозе против цената на струјата

Македонија

Со паролата „Скапа струја, сиромашен народ“ вечерва се одржа првиот од серијата граѓански протести на ВМРО-ДПМНЕ против поаскапувањето на струјата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говорејќи на денешниот протест против поскапувањето на електричната енергија, упати три барања до Владата, за кои рече дека треба да одговорат во наредните денови.

– Имате неколку дена да седнете да ги разгледате, а потоа да ги исполните. Прво барање – враќање на старата цена на електричната енергија. Наместо да му овозможувате вонреден профит на универзалниот снабдувач намалете го процентот. Второ барање – неделен викенд без ДДВ во септември како што беше ветено пред изборите. Tрето барање – професионализација на регулаторната комисија за енергетика со надпартиски кадр, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека кога неправдата станува закон во нашата држава, тогаш протестот, пркосот е наша обврска.

– Мафија или Македонија, изборот е јасен! Македонија!, порача Мицкоски.

Како што истакна Мицкоски, ова е прв од серијата протести кои што треба да го покажат и докажат гневот насобран во народот поради онаа неправда која што се случуваше во изминатите месеци, украдените и поткупени избори од мафијата на власт.

Овој пат кога неправдата станува закон отпорот и протестите ќе продолжат се додека не ве детонизираме онаму каде што со поткупени и наместени избори се наоѓате. Затоа ќе не има се повеќе и ќе не има насекаде низ цела Македонија, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Учесниците на протестот извикуваа „оставка“, „мафија и „мафија на робија“, а некои носеа и транспаренти со пораката „Заев полни џеб, народот нема леб“.

извор: Република

Please follow and like us:
Tagged