Пролонгиран рокот за враќање на работа на хронично болните

Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче денеска оствари средба со здруженијата на пациенти Борка, Живот со предизвици, Национално здружение за МС, Здружение за ХМЛ, Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија, Нефрон, Хепар центар, Пеперутка и Алијанса на Пациентски Организации – АПО.

На средбата било договорено хронично болните да имаат рок до 23 септември да посетат специјалист и да добијат потврда доколку поради нивната дијагноза и состојба не можат да се вратат на работа. За да можат тоа да го реализираат Филипче најави дека ќе бидат пуштени дополнителни термини на Мој Термин.

Исто така на средбата било заклучено дека доколку хронично болните не добијат потврда до 23 септември, ќе има ново пролонгирање.

Please follow and like us:
Tagged