(ФОТО) Претстои период на стабилно, суво и натпросечно топло време

Охрид

Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура се движи од 10 до 18, а максималната ќе достигнува од 28 до 35 степени Целзиусови.

И во текот на следните денови ќе продолжи периодот на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, додека максималните дневни температури ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени Целзиусови.

Please follow and like us:
Tagged