Вработените во НУ Завод и музеј Охрид, два месеци немаат земено плата

Охрид

Вработените во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, немаат земено плата за месеците јули и август, дознава ОХРИД 24 од извори од установата.

Освен тоа што немаат земено плата, на нив не им се исплатени ниту придонеси за здравствено осигурување, па не можат да добиваат здравствени услуги.

Се обративме до установата, но оттаму ниту се јавија на нашите телефонски повици, ниту одговорија на меилот кој им го испративме на официјалната адреса.

Инаку пред три дена, актерот и поранешен директор на Драмски театар Скопје, Сашо Тасевски му се обрати на премиерот Зоран Заев дека 3500 луѓе од културата, иако им било ветено, уште ја немаат земено јулската плата, во време на пандемија и ценовни шокови на храната, струјата.

Please follow and like us:
Tagged