Возилото регистрирано за 9, тој превезувал 21 патник

Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22-годишен жител на селото Лешани, општина Дебрца, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

– На 25.06.2020 година на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, тој е затекнат дека, со своето возило „Волксфаген“, регистрирано за превоз на девет патници, без почитување на здравствено-безбедносните протоколи, врши превоз на 21 патник. Со тоа, пријавениот, ја прекршил уредбата од владата за организирање на јавен превоз на патници со 50% од капацитетот на превозното средство за време на епидемија, истакна Димоски.

Please follow and like us:
Tagged