Охриѓанец тешко повреден откако паднал од мотор

Охрид

На 13.09.2020 година во 18.30 часот, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, кај населбата Рача, случена е сообраќајна незгода во која, Б.З.(53) од Охрид, управувајќи мопед марка „Ханг Лонг“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

– Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Општата болница-Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид, истакна Димоски.          

Please follow and like us:
Tagged