„Гоце Делчев е бугарски учител и револуционер“ е предлогот од Софија што Заев ќе мора да го прифати?

Македонија

Гоце Делчев е бугарски револуционер и учител кој се борел за ослободување на автономната бугарска област наречена „Македонија“ од Османлиите.

Ова ќе биде еден од предлозите од бугарската комисија за историја кој ќе биде испрорачан до нивните македонски колеги на следниот состанок , дознава Република од извори во комисиите.

Република уште дознава дека Владата во Скопје и премиерот Зоран Заев е добро информирана за овој „непристоен предлог“ од Софија и оти сега се разработува стратегија како најпрво да биде прифатен од македонската комисија, а потоа да се создава атмосфера меѓу граѓаните за тоа да помине.

Кај Заев, како што пишува Република постои страв како ова ќе биде прифатено кај народот и дека повторно ја “свиткал кичмата“ пред соседите, но се прави стратегија дека тоа се прави за европската иднина на земјата и оти Македонија до крајот на годината ќе ги почне преговорите со ЕУ, а Бугарија нема да блокира туку ќе биде наш најголем сојузник.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Please follow and like us:
Tagged