И по три години локалната власт во Охрид не најде решение за бездомните кучиња

Охрид

Последниве години низ охридските улици може да забележиме дека бројот на бездомните кучиња станува сè поголем. Деновиве поголема група на бездомни кучиња е забележана во паркот кај „Мазија“.

Граѓаните се загрижени за оваа состојба, а животните остануваат небезбедни на улиците.

Јавноста прашува до кога градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески заедно со директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски ќе го игнорираат проблемот со бездомните кучиња и зошто сè уште не функционира стационарот во „Мaуцкер”?

Општинските власти последните три години во повеќе наврати најавија решавање на проблемот, но до денеска решението не е ниту на повидок.

Пред околу еден месец директорот на „Охридски Комуналец“, Грданоски во еден охридските медиуми изјави дека стационарот за бездомни кучиња ја чека дозволата од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Но ваквиот обид за манипулирање на јавноста и пласирање на невистини од страна на Грданоски, веднаш беше демантиран и осуден од Агенцијата за храна и ветеринарство од каде посочија дека до Агенцијата, локалната самоуправата, односно надлежното комунално претпријатие од Охрид немаат поднесено барање за одобрување на прифатилиште за бездомни животни, иако уште во март минатата година, Агенцијата ја охрабрила локалната самоуправа за отворање на прифатилиште за бездомни животни и решавање на проблемот со кучињата скитници.

Please follow and like us:
Tagged