Денеска протест: Гоце е Македонија и црвената линија за нашето достоинство

Македонија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе организира протестен собир, како што најави, за поддршка на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев. Најавено е дека протестот ќе почне вечер во 18.30 часот од пред Министерството за правда, ќе продолжи преку мостот „Гоце Делчев“ се до зградата на Министерството за надворешни работи.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во повикот за денешниот протест рече дека Гоце Делчев беше човек што обединуваше, којшто имаше визија. Гоце Делчев беше и ќе остане Македонецот врз основа на кој ние ќе се сеќаваме на минатото, врз основа на тоа минато ќе ја градиме иднината. Ќе го продолжиме неговото дело да обединуваме, а не да разединуваме.

– Ние се гордееме и сме горди Македонци што сме имале таков јунак во нашата историја, а врз основа на таа историја ќе ја градиме иднината. Гоце Делчев е столбот на современата македонска држава, Гоце Делчев е Македонија, Гоце Делчев не треба да биде предмет на никакви преговори и разговори, напиша Мицкоски.

Гоце Делчев беше човек што обединуваше, којшто имаше визија. Гоце Делчев беше и ќе остане Македонецот врз основа на кој…

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, September 14, 2020
Please follow and like us:
Tagged