(ФОТО) Лазе Таневски пријавил 5 стана, 2 куќи и земјоделско земјиште од 14 милиони денари

Охрид

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ги изнесе податоците од анкетните листови за имотната состојба на избраните пратеници.

Пратеникот на СДСМ од Охрид, Лазе Таневски, заедно со својот брачен другар поседуваат пет стана, чија вкупна вредност изнесува 15,3 милиони денари. 3 од становите се во Охрид, а 2 во Скопје. Покрај становите, овој бизнисмен пријавил и две куќи во селото Арбиново, како и земјоделско земјиште од 14 милиони денари како наследство во истото село.

Please follow and like us:
Tagged