Донев до Георгиески: Бевте и останавте импровизатори и неработници, лика и прилика на централната власт!

Охрид

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Сашо Донев, реагираше на нестручното изведување на реконструкцијата на улицата „Абас Емин“.

„Градоначалник, Гледам сте биле на ,,стручен“ увид врз градежните активности и неактивности на улицата Абас Емин. Да Ве прашам, дали забележавте дека матерјалот од ископот на ровот(земја, градежен шут и камења) се враќа повторно назад и со него ,,се тампонира“? Дали е така предвидено во техничката документација(проект)? Дали сметате дека таквата подлога која е скоро по целата ширина на коловозот ќе биде добра основа за новата коловозна конструкција? Без соодветен тампон и негово стручно поставување и набивање улицата ќе почне да пропаѓа нерамномерно, да се прават дупки и мини свлечишта, а подземната инсталација ќе има постојани дефекти. Бевте и останавте импровизатори и неработници, лика и прилика на централната власт!, напиша Донев на Фејсбук

Градоначалник,Гледам сте биле на,,стручен" увид врз градежните активности и неактивности на улицата Абас Емин.Да Ве…

Posted by Saso Donev on Wednesday, September 16, 2020
Please follow and like us:
Tagged