Груби најави помош за приватни компании ако вработат Албанци

Македонија

Владата ќе ги субвенционира приватните компании кои ќе вработат Албанци или граѓани од другите помали етнички заедници, најави синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, првиот вицепремиер Артан Груби, и додаде дека оваа мерка во Влада ќе се разгледува во следниот период.

– Доколку приватни компании вработуваат Албанци или граѓани од другите помали етнички заедници ќе ја разгледаме можноста да ги субвенционираме овие компании. Сите компании кои ќе ја запазат правичната застапеност ќе бидат помогнати од Владата, рече Груби.

Please follow and like us:
Tagged