Софија тврди дека во Македонија биле убивани Бугари и дека имало конц-логори

Македонија

Во бугарскиот меморандум кој е испратен до членките на ЕУ додека траат дискусиите за преговарачката рамка, околу која сите земји да постигнат единство, не само што се тврди дека Македонците се проект на Тито, а македонскиот јазик постои од 2 август 1944, туку стои и тешко обвинение дека во Македонија бил извршен геноцид врз наводно бугарско население, пренесува Експрес.мк.

Во меморандумот Бугарија тврди и дека „во архивите има докази за егзекуција помеѓу 1944 и 1946 година на повеќе од 20.000 луѓе кои се идентификувале како Бугари и ја преставувале политичката и интелектуалната елита во Социјалистичка Република Македонија. Повеќе од 100.000 Бугари биле убиени, затворени, пратени во егзил или во концентрациони кампови“.

Според тврдењата на Софија, значи дека 10 отсто од тогашното население во Македонија било прогонувано затоа што, наводно, биле Бугари, пишува Експрес.мк.

Please follow and like us:
Tagged