(ВИДЕО) Жители на „15 Корпус“ реагираат на нестручна реконструкција на улицата, од надзорот потврдуваат дека има пропусти

Охрид

Граѓани на „15 Корпус“ испратија видео до редакцијата на ОХРИД 24 преку кое реагираат на на начинот на кој се врши реконструкцијата на улицата. Тие сметаат дека реконструкцијата се спроведува нестручно, со што понатака ќе се јават дополнителни проблеми.

Според нив рововите не се затрупуваат соодветно, а има проблем и со поставувањето на цевките.

ОХРИД 24 стапи во контакт со Иван Лошкоски, овластен надзор за поставување на канализацијата на „15 Корпус“. Тој потврди дека цевките кои се поставуваат не се согласно проектот за што веќе е испратен допис до инвеститорот, општина Охрид.

– Воочени му се забелешките кои што на лице место ги видовме. Профилот на цевките на таа делница не е тој што е по проектот. Цевките немаат песок и не се поставени по инструмент од геометар, туку по либела, вели Лошкоски.

Во однос на затрупувањето со тампон, Лошкоски посочува дека во почетокот не е предвиден тампон, туку ставање песок под и над цевките. но тоа не било направено.

– На една делница имаа направено, но не со песок туку со ризла за бетонирање, и тоа е ставено во забелешка. Тампонот се става најгоре, но се’ уште не сме стигнати до таа фаза, истакна Лошкоски.

Тој додава дека има дадено налог да се повика геометар и на лице место да се провери дали падот е поставен како што треба.

Please follow and like us:
Tagged