Ваучер туризам: Во хотели во Охрид на терасите се правеле скари, се внесувале вреќи домати

Охрид

Коронавирусот го сотре туризмот и ја втурна третата најбрзорастечка гранка од економијата во криза далеку подлабока од онаа за време на воениот конфликт во Македонија, велат крајно разочарани туристичките работници, пренесува ТВ Алфа.

Во хотелите на охридско-струшката ривера ниту еден човек не стапнал, се додека не почнаа да се делат ваучерите за туризам во средината на јули. Тогаш се бараше место повеќе, раскажуваат хотелиерите. Но, таквиот бум траеше нешто повеќе од еден месец, практично до почеток на септември кога се замре. Сега угостителските капацитети чмаат празни, ваучерите за летување не го спасија туризмот.

Нашиот најголем туристички центар ова лето се потрпе на домашните гости, но ситацијата излезе од контрола. Младите дивееја и запоседнувајќи го нашето највредно културно наследство, оставаа пустош зад себе.

Согласно своите навики, гостите со себе носеле цели вреќи со домати, а на терасите од високо категоризираните хотели со 4 ѕвезди, распалувале дури и скари.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Please follow and like us:
Tagged